Конечно и Севилја ги израдува своите фанови. Во меч од 21.коло во Ла Лига, тимот од Андалузија на свој терен славеше со Мајорка со 2:0. Стрелци на головите беа Ен Несири во 28.минута и Гил во 40.минута.
Сосема доволни за три бода.
Претход одиграа Алмериа – Бетис 2:3. Ова навистина беше луд натпревар. Бетис двапати водеше со 0:1 и 1:2, со головите на Родри и Каналес, но домашниот состав успеваше да израмнува и тоа со головите на Суарез и Коста.
Сепак во 70.минута гостите постигнаа нов, трет гол и тоа преку Гвардадо за конечни 2:3.