Алмирон му донесе бод на Њукасл! (ВИДЕО)

64

Во не толку квалитетен меч д 23.коло во Премиерлигата, вечерва Борнмут и Њукасл одиграа 1:1 и си освоија по бод. Иако гостите важеа за мали фаворити на хартија, тимот на Борнмут со голот на Сенеси во 30.минута донесе водство. Сепак на пауза не се замина со 1:0 за домашниот состав, за израмнување се погрижи Алмирон кој по подолга пауза постигна гол за конечни 1:1, со што му донесе бод на својот тим.

Во 90+1.минута Борнмут имаше фантастична шанса за победа, но топката од гол – линијата на Њукасл беше исфрлена.

ПретходноВардар Неготино му го зеде скалпот на Голден Арт!
СледноСевилја со триумф над Мајорка, Бетис во луд меч со три бода кај Алмериа! (ВИДЕО)