Супер пет натпревари во Премиер лигата попладнево во кои видовме две изненадувања. Лидерот Арсенал одигра 1:1 на домашен терен против Брентфорд. „Топчиите“ поведоа со голот на новото засилување Леонард Тросар во 66 минута, сепак, не го сочуваа водството затоа што примија гол во 74 минута од Иван Тони.
Па така Арсенал по поразот од Евертон минатото коло, сега пак загуби бодови меѓутоа бодовната разлика во однос на Манчестер Сити се уште е солидна и сега изнесува шест бодови.
А Лестер со 4:1 го победи Тотенхем. Лондончани поведоа со голот на Бентакур, а до крајот на првото полувреме им се случи потоп. Менди, Медисон и Ихеначо го свртеја резултатот на 3:1, а во вториот дел Барн ги дотолче „спарси“.
На другите натпревари: Челзи – Вест Хем 1:1, Кристал Палас – Брајтон 1:1, Фулам-Нотингем Форест 2:0, Саутемптон-Вулверхемптон 1:2.