БУНДЕС: Баерн, Дортмунд и Баер со победи

64

Фаворитите според планот. На петте попладневни натпревари во Бундес лигата немаше изненадување. Баерн Минхен го победи Бохум со 3:0 со головите на Милер, Коман и Гнабри.

Баер Леверкузен славенички го напушти стадионот на Хофенхајм. Победи со 1:3 со голови на Андрих, Диаби и Хложек.

Борусија Дортмунд му врати на Вердер за поразот од 3:2 на „Сигнал Идуна Парк“ во првиот дел од сезоната. „Милионерите“ победија на „Везер“ со 2:0 со голови во второто полувреме. Резултатот го отвори тинејџерот Биное-Гитенс во 67 минута, а конечниот резултат го постави Брант во 85 минута.

На другите натпревари: Фрајбург-Штутгарт 2:1 и Мајнц-Аугзбург 3:1.

ПретходноФОТОВЕСТ: Пораката на навивачите на Работнички
СледноФудбалерките на Манчестер Ј. ќе протестираат ако Гринвуд се врати во клубот