Екипата на Далас доби големо засилување во продолжение на сезната во Кајри Ирвинг, кој и на вториот меч мораше сам да го води Маверикс бидејќи Лука Дончиќ и натаму е надвор од терените поради повреда.
Но, за Ирвинг ова не беше проблем, тој во победата над Сакраменто од 122-114 постигна 25 поени и 10 скока. Добра помош имаше од Грин кој постигна 17 поени и 7 асистенции, додека Хардавеј запиша 15 поени, седум скока и пет асистенции.
Ова беше меч кој Далас го реши после првата четвртина, кошаркарите влегоа силно, постигнаа дури 45 поени, на другата страна противникот даде 25 поени. За Маверикс оваа позитива беше доволна за да дојде до 31 победа оваа сезона, со 26 порази се наоѓа на четвртото место во Западот.
Бојан Богдановиќ продолжи со одличните игри во дресот на Детроит, во победата над Сан Антонио Спарс после продолжение постигна 32 поени. Во добро издание се покажа и Дурен со 30 поени и 17 скока.
Резултати: Детроит – Сан Антониот 138-131, Индијана – Феникс 104-117, Филаделфија – Њујорк 119-108, Бостон – Шарлот 127-116, Торонто – Јута 116-122, Мемфис – Минесота 128-107, Мајами- Хјустон 97-95, Њу Орлеанс – Кливленд 107-118, Портланд – Оклахома 129-138, Сакраменто – Далас 114-122, ЛА Клиперс – Милвоки 106-119.