Диего Кока е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Мексико. Тој досега работеше во локалниот клуб Тигрес, но двете страни го раскинаа договорот за да може Кока да го преземе националниот тим.
Тој ќе биде тренерот кој ќе го гради тимот за СП 2026 година на кое Мексико, САД и Канада ќе бидат домаќини. Инаку Кока доаѓа на местото на Хералдо Тата Марино кој напушти веднаш по елиминацијата на Мексико на СП во Катар.
„Имам голема верба во мексиканските фудбалери и нивниот талент. Сепак, талентот не е доволен. Потребни се уште многу работи за успех и тоа е мојата цел. Сакам да бидам во успешен тим кој може да предизвика секого. Само небото е нашата граница“, коментира 51-годишниот аргентински специјалист, цитиран од агенцијата АП.
Кока е роден во Буенос Аирес, играл за Ривер, за Аргентинос Јуниорс, Банфилд, Мексиканските Атлас и Веракруз.
Како тренер водел неколку мексикански тимови како Сантос Лагуна, Тихуана, Атлас и Тигрес. Работел и во колумбиски Милионариос, аргентинските Гимназија ЛП, Хуракан, Расинг, Росарио Централ. Со Атлас ги освои двете последни титули во Мексико, 2021 и 2022 година.