Мишевски: Вардар ќе биде сè подобар!

224

Вардар 1961 ја превзема лидерската позиција во групата Б, откако на домашен терен го совлада Татран Прешов со пет гола разлика 29-24 за втора победа во СЕХА-лига. Во одлична форма повторно беше Мартин Томовски, кој запиша 12 одбрани, а играта на теренот е најава за подобро издание во периодот кој доаѓа.

„Честитки до Татран за борбеноста. Во овој натпревар одигравме добра одбрана и организиран напад, а тука помогна и голманот Томовски. Самодовербата е поголема, ќе бидеме сè подобри во следниот период.

Ќе го дадеме максимумот на последниот натпревар против Партизан на гости, ќе биде тешко. Се надевам дека со добро издание ќе извојуваме победа“, изјави Мишевски по мечот.

Вардар 1961 го чека дуел од плеј-офот, против Охрид на гости во понеделник.

ПретходноАроганција и дрскост без граници: Соседите на Нејмар – бесни!
СледноПарични казни за МЗТ Скопје и Работнички по вечното дерби!