Млад фудбалер на Газијантеп извлечен жив после 94 часа под урнатини

403

Младиот фудбалер на Газијантеп, Аднан Мухамет Коркут е пронајден жив под урнатините после 94 часа потрага. 17-годишниот фудбалер за тамошните медиуми изјави дека за да преживее јадел цвеќе кое неговата мајка го одгледувала во станот на петкатницата која се урнала во Газијантеп.

„Бев меѓу урнатините во дневната соба. Се покрив со кебе, нозете ми се смрзнуваа. Го најдов телефонот и го активирав алармот за да ѕвони на секои 25 минути за да не се успијам. Очајно ги чекав спасувачите, а потоа се слушнаа гласови. Јадев цвеќе за да не останам гладен“, објасни Аднан.

ПретходноГолеада во финалето: Реал Мадрид е светски клупски првак! (ВИДЕО)
СледноАталанта го преслуша Лацио на “Олимпико“! (ВИДЕО)