Најавата остварена – Силва во Челзи до 2024 година!

167

Тијаго Силва и официјално ја продолжи соработката со Челзи. Иако веќе има 38. години тоа не го спречува да игра на највисоко ниво, па токму затоа раководството на „сините“ одлучија да му понудат нов договор со важност до 2024 година.

„Кога првпат потпишав со Челзи, мојот договор беше на само една година. Сега ќе останам во Лондон четири години. Никогаш не замислував вакво нешто, но за мене е посебен момент што повторно потпишав и останав тука“, изјави фудбалерот по потпишувањето на договорот .

ПретходноТешки проблеми за Тен Хаг пред Барселона!
СледноАбрамович купува тим од Бразил!