Според италијанските медиуми, Наполи му ставил откупна клаузула на Елиф Елмас. Доколку некој клуб сака да го купи македонскиот репрезентативец ќе мора да одвои 50 милиони евра.
Елмас оваа сезона има пет гола, тој е трет стрелец во редовите на италијанскиот тим, кој пак е лидер на табелата во Серија А.
Откупната клаузула на македонскиот репрезентативец ја откри италијанскиот новинар Франческо Модуњо на „Теленовело“.
„Елмас е еден од највредните фудбалери на Наполи, неговата нова цена изнесува 50 милиони евра, сега никој не сака да чуе да чуе да биде продаден за помалку“, пишува Модуњо.