Екипата на Охрид ги освои првите бодови во плеј-офот. На првиот меч од ова натпреварување дојде до триумф против вториот битолски тим и тоа на гостински терен, славеше со 23-26.
Гостите беа подобар противник во речиси целиот меч, по првото полувреме имаа позитива од 11-14, која не дозволија да ја испуштат до самиот крај. Битолчани пред самиот крај со серија од три гола дојдоа на 23-24, но охриѓани не дозволија целосен пресврт.
Цицар и Дрогришки беа лидери кај победникот, двајцата имаа по седум гола, на другата страна Стоилевски имаше осум гола.
Пелистер пак со цел плен се враќа од Скопје, на гости кај Бутел славеше со 23-27. Ова беше чуден меч, во кој првото полувреме заврши со 8-9 за гостите, одамна се нема случено да паднат мал број на голови.
Битолчани дуелот го решија на стартот на второто полувреме со серија од 7-0 поведоа со 13-20 и рутински го приведоа натпреварот во своја корист.
Радовиќ постигна седум гола, Хенненберг пет. Кај домаќинот, Јефтиќ беше стрелец на шест погодоци.