Парични казни за МЗТ Скопје и Работнички по вечното дерби!

196

МЗТ Скопје го совлада Работнички со 91-87 во рамките на 14 коло во Првата лига. Двата тима приредија пресметка како што се очекуваше, неизвесна до самиот крај.

На трибините во СЦ „Јане Сандански“ беа двете навивачки групи, атмосферата беше добра, но и двете групи го прекришија кодексот, па затоа нивните тимови ќе платат парична казна.

МЗТ Скопје на сметката на КФСМ ќе треба да уплати 26.000 денари, 10.000 денари за палење на факели, додека пак останатите 16.000 денари се на име слаба организација, внесување на факели и палење бакљи, како и за неспортско навивање.

Работнички доби нешто помала парична казна, исто, ќе плати 10.000 денари за палење на факели, додека пак исто како МЗТ Скопје ќе мора да плати 8.000 денари за неспортоско навивање и 4.000 денари за несоодветна опрема при пристигнувањето.

ПретходноМишевски: Вардар ќе биде сè подобар!
СледноСтартува плеј-офот: Битола чека титула, сонува Пелистер да го симне Вардар од тронот!