Пријателски: Тиквеш го победи Пелистер, Беса го декласира Тетекс!

1299

 

Во Кавадарци во пријателски натпревар прволигашот Тиквеш со 2:1 успеа да го совлада Пелистер во последниот подготвителен меч за двете екипи пред стартот на пролетната полусезона. Битолчани повеле со гол од пенал, за да потоа со головите на Чубара и Темелков, домашниот состав славел триумф со 2:1.

Пријателска одиграа второлигашите Беса и Тетекс, а победник беше тимот од Добри Дол кој со 5:1 просто го декласира составот од Тетово.

Во целост тимот на Таневски го надигра составот на Марковски, а тие пет голови кажуваат многу. Стрелци за Беса беа Ивановски, Џемаили, двапати Скендери и Назифи.

ПретходноРаботнички го “реши“ Вардар: Филип Тодороски само што дојде почна да “тресе“! (ФОТО)
Следно35 земји побараа од ИОК да не им дозволи на Русите да настапат на ЛОИ во Париз 2024