Четири дена откако на „Олд Трафорд“ беше 2:2, Лидс повторно ќе игра со Манчестер Јунајтед. Повторно е натпревар од Премиер лигата, но сега е на „Еланд Роуд“.
Она што треба да се истакне е дека Јунајтед е ослабен бидејќи Тен Хаг нема да може да смета на тројца играчи. Тоа се Ентони, Марсијал и Мектоминеј.
Сите тројца нема да бидат во конкуренција ниту за натпреварот против Барселона, очигледно.
Марсијал го повреди колкот, Ентони има проблем со ногата, а Мектоминеј ги пропушти последните три натпревари без објаснувње што се случува со него.
Покрај ова Касемиро е суспендиран за мечот со Лидс, а тешки повреди имаат Ериксен и Ван де Бик.