Не е веќе никакво изненадување кога ќе се каже дека Унион Берлин победил во меч од Бундеслигата, не е чудо и кога тоа ќе го направи кај силниот Лајпциг и тоа со 1:2 на гости, иако губеше со 1:0.
“Малиот“ клуб од Берлин уште има право да ја сонува титулата со оглед на тоа дека е само на бод од лидерот Баерн по 20.коло во Бундеслигата.
Лајпциг поведе со голот на Хајнриш во 24.минута, а потоа гостите со головите на Хаберер во 64. и Кноче во 72. минута дојдоа до победата.