Фудбалерите на Вест Хем и Челзи ремизираа 1:1 во 22. коло од Премиер лигата. Челзи поведе со голот на Феликс во 16. минута, а бод за домашните донесе Емерсон во 28. минута.
Греам Потер конечно стартуваше со напаѓачката четворка која ја чекаа навивачите, откако по суспензијата се врати Жоао Феликс, а покрај него како најистурени играа и новајлијата Мудрик, Мадуеке и Хаверц. Место во стартните 11 имаа и Енко Фернандез и Бадијашил, па Потер го започна мечот со пет зимски засилувања.
Во 82. минута Вест Хем постигна гол по прекин, но и голот на Сучек беше поништен поради офсајд позиција. Челзи дојде до третото реми и сега останува само деветти со 31 бод, додека Вест Хем освои важен бод во борбата за опстанок.
Standings provided by Sofascore