Македонскиот првак Шкупи забележа убедлива победа над литванскиот Жалгирис со 4:0 во пријателски меч одигран на „Белек Титаник“ стадионот во Турција. Шкупи во првото полувреме обезбедил предност од три гола, првиот од пенал откако противнички играч играл со рака во сопствениот шеснаесетник. До крајот на првото полувреме чаирчани постигнале уште два гола, а во второто уште еден за конечни 4:0.
А во Анталија уште една наша екипа играше пријателски меч. Силекс е убедливо поразен од украинскиот гигант Динамо Киев со 0:4. Првите три гола ги постигна Караваев сите во првото полувреме. Во финишот погоди Царенко поставувајќи го конечниот резултат.