Ќе продолжи ли турското првенство: Два клуба се откажаа, на повидок е и трет?

469

Поради разорниот земјотрес што ја погоди Турција, сите натпреварувања во земјата се прекинати, а беа одложени и меѓународните натпревари. Денеска стигна уште една потврда дека покрај фудбалскиот клуб Хатајспор и Јени Малатијаспор најави повлекување од турските натпреварувања, а останува да се види дали таква одлука ќе донесе уште еден клуб од погодените региони – Газиантеп.

Хатајспор и Газиантеп се натпреваруваат во Суперлигата, за која не е исклучена опцијата да биде прекинато. Мечевите планирани за овој викенд се одложени, а првенството е ставено во мирување најмалку еден месец и прашање е како ќе се заврши.

Раководството на турската федерација им предложило на Хатајспор и Газиантеп да го користат кампот на репрезентациите за тренинзи и своите натпревари да ги играат на стадионите во и во близина на Истанбул. Засега таа опција е отпишана и клубовите од градовите кои беа најпогодени од земјотресот немаат намера да играат, па раководството на лигата е пред навистина тешка одлука дали ќе ги исфрли од натпреварувањето или ќе ги остави за следната сезона.

Слично е и со второлигашот Јени Малатијаспор.

ПретходноУспешна генералка: Струга ТЛ покажа сила на мечот со Воска!
СледноПромоција на новото возило со кое Вуков ќе вози на Порше Суперкуп (ФОТО)