Во летото 2017 година, бразилскиот фудбалер Нејмар за рекордни 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ, но за речиси шест години поминати во Париз не го оправда баш она што се очекуваше од него.
Многу повеќе во центарот на вниманието е неговиот приватен живот, поради што повторно е главна тема во Франција. Она што најмногу ги налути парижаните е неговото арогантно однесување кое трае подолго време. Тој нормално живее во областа Бугивал во Париз, а неговите соседи не знаече дека ќе ги чека пекол.
Француските медиуми пишуваат дека Нејмар е под тешки критики од соседите кои долго време се жалат на бучавата од неговата куќа во доцните часови. Безброј пати бил пријавуван во полиција за нарушување на јавниот ред и мир, но неговото однесување не се променило.
Градоначалникот на областа Бугивал, Лук Вател, изјави дека е еден од соседите на Нејмар и дека не може да поверува колку нема почит кон соседите. Речиси секој ден организира забави кои траат до раните утрински часови и траат со години.
Нејмар откако дојде во ПСЖ живее во истата вила во Париз, а инаку за кирија месечно плаќа околу 15.000 евра. Забавата која ги помина сите граници се случила минатиот викенд кога тој го прослави својот 31 роденден.
Соседите се обиделе да стапат во контакт со сопствениците на куќата за да привлечат внимание на она што се случува, но тие очигледно не сакаат да изгубат таков клиент и не покажале преголем интерес за хаосот што долго време го создава Нејмар.
Оваа вила нормално чини околу седум милиони евра, а се наоѓа на околу 20 километри од центарот на Париз. Таму своевремено живеел и Роналдињо, кој играше за ПСЖ две сезони пред да стане познат во Барселона.