Работнички го “реши“ Вардар: Филип Тодороски само што дојде почна да “тресе“! (ФОТО)

1401

Работнички во пријателски натпревар одигран на игралиштето на „Алумина“ во Скопје, со 2:0 успеа да го победи второлигашот Вардар. Ова беше генералка и за двете екипи со оглед на тоа следниот викенд стартува пролетниот дел и во ПМФЛ и во ВМФЛ.

Работнички поведе со голот на Гандо во 45.минута, додека на 2:0 зголеми Филип Тодороски, големиот талент од Прилеп кој пред неколку дена дојде од Победа и веднаш на своето деби постигна гол за Работнички.

Тимот на стратегот Милан Илиевски покажа дека подготвен ќе го дочека стартот од пролетниот дел во ПМФЛ.

No description available.

No description available.

ПретходноПромоција на новото возило со кое Вуков ќе вози на Порше Суперкуп (ФОТО)
СледноПријателски: Тиквеш го победи Пелистер, Беса го декласира Тетекс!