Роналдо нема да спие мирно: Оваа најава може да го промени светот на фудбалот!

5278

Кристијано Роналдо е сопственик на најголемиот договор во историјата на фудбалот. Дури половина милијарда евра одвои Ал Наср за да го доведе легендарниот Португалец, а потоа почнаа и приказните за доаѓањето на Лионел Меси.

Наводно Ал Хилал со помош на државата имал намера да му понуди на аргентинскиот магионичар дури 300 милиони евра по сезона за да го облече дресот на најголемиот клуб во Саудиска Арабија.

Тренерот на Ал Хилал, Рамон Дијаз, исто така се надева дека неговиот тим може да добие големо засилување во форма на Лионел Меси.

„Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија ја отвора вратата за доаѓање на други. Неговото присуство ни дава надеж дека наскоро тука ќе дојде и Лионел Меси“, изјави Рамон Дијаз.

На оваа тема претходно зборуваше директорот на овој клуб Фахед Ал-Мофариј. Според него, овој бизнис не е само на играчите и клубот, туку бара и поддршка од властите на Саудиска Арабија, како што е случајот со трансферот на Роналдо.

„Се е идентично како потписот на Кристијано Роналдо. Не се работи за клубот и играчот, туку за интересот на целата земја“, рече Ал-Мофариј и додаде:

Доаѓањето на Меси и Роналдо би било голем чекор напред, не само за нашиот клуб, туку и за цела Саудиска Арабија“, заклучи првиот човек на Ал Хилал.

Лионел Меси веќе е доста поврзан со Саудиска Арабија. Тој зема милиони од оваа држава за да го промовира туризмот и секако за во какви било преговори богатите шеици внимателно да се слушаат од семејството Меси.

Сепак, Меси моментално е многу блиску до останување во ПСЖ. Според информациите од Франција, престојот на Аргентинецот во Париз наскоро ќе биде потврден за плата од околу 40 милиони евра по сезона.

Сè треба да стане официјално наскоро. На Лео во моментов ќе му биде тешко да замине во Саудиска Арабија, но во иднина не треба да се отфрли можноста доколку понудата е толку висока како кај Роналдо.

ПретходноОмар Коли од Сампдорија се сели во Бешикташ
СледноДалас без Дончиќ на крилата на Ирвинг до победа, Богдановиќ ги „растури“ Спарс (ВИДЕО)