Стартува плеј-офот: Битола чека титула, сонува Пелистер да го симне Вардар од тронот!

290

Денеска стартува вториот дел од сезоната во ракометниот шампионат. И овој пат во плеј-офот ќе биде доста интересно, битката за титулата главно ќе ја водат бранителот Вардар 1961 и Пелистер.

Битолчани долго време сонуваат да се најдат на тронот, но лани самите си пресудија да останат без двата важни трофеи. И двата тима во плеј-офот пренесоа максимални три бода, а во текот на сезоната ги засилија своите редови.

Во Вардар дојдоа Дутра Фереира, Велко Маркоски, Томислав Јагуриноски и Михаил Аларов, додека пак Пелистер се засили со Каспер Кисум и Петар Атанасијевиќ.

Во плеј-офот ќе биде интересна и за битката која води во Европа, Алкалоид, Пролет и Бутел Скопје, заедно со Пелистер 2, Охирд и Тиквеш ќе се борат за оваа цел, но и за изненадување против фаворитите за титулата. Нема да биде чудно ништо, особено ако се земе во предвид дека вториот битолски тим му зеде бод на првиот тим во Супер-лигата.

Први плеј-офот ќе го отворат, Бутел Скопје и Пелистер и Пелистер 2 и Охрид, двата меча се закажани во 18 часот, утре Алкалоид му гостува на Тиквеш 19 часот, додека пак во последниот меч од ова коло Вардар е домаќин на Пролет, дуелот се игра во понеделник.

Што се однесува до плеј-аутот, тука во најдобра позиција се Голден Арт и Струга, пренесоа по три бода, без бодови пак се Јуниор К.В и Вардар Неготино.

Денеска Скопје кој се наоѓа на третото место е домаќин на Струга (14:30 часот), додека пак Јуниор К.В на Куманово (17 часот), последниот меч се игра во Неготино, таму Вардар го пречекува Голден Арт. Колото ќе се комплетира утре со пресметката меѓу Прилеп и Радовиш.

ПретходноПарични казни за МЗТ Скопје и Работнички по вечното дерби!
СледноШвајцарката Флури е сензационална светска шампионка во спуст (ВИДЕО)