Челзи и со најскапите зимски засилувања не успеа да го победи Вест Хем (ВИДЕО)

120

Фудбалерите на Вест Хем и Челзи ремизираа 1:1 во 22. коло од Премиер лигата. Челзи поведе со голот на Феликс во 16. минута, а бод за домашните донесе Емерсон во 28. минута.

Греам Потер конечно стартуваше со напаѓачката четворка која ја чекаа навивачите, откако по суспензијата се врати Жоао Феликс, а покрај него како најистурени играа и новајлијата Мудрик, Мадуеке и Хаверц. Место во стартните 11 имаа и Енко Фернандез и Бадијашил, па Потер го започна мечот со пет зимски засилувања.

Во 82. минута Вест Хем постигна гол по прекин, но и голот на Сучек беше поништен поради офсајд позиција. Челзи дојде до третото реми и сега останува само деветти со 31 бод, додека Вест Хем освои важен бод во борбата за опстанок.

 


Standings provided by Sofascore

 

Претходно35 земји побараа од ИОК да не им дозволи на Русите да настапат на ЛОИ во Париз 2024
СледноСкопје тргна фуриозно – ја урна Струга!