Швајцарката Флури е сензационална светска шампионка во спуст (ВИДЕО)

71

29-годишната Швајцарка Јасмин Флури е новата светска шампионка во спуст. Таа патеката „Рок де Фер“ во Мерибел ја мина за една минута и 28,03 секунди и со стартниот број два постави резултат што ниту една скијача не можеше да го подобри во изненадувачкиот исходот на оваа трка.

Подеднакво големо изненадување беше и 26-годишната Австријка Нина Ортлиб, која го освои среброто со заостанување од само четири стотинки зад победничката во своето деби на големите натпреварувања.

Само бранителот на титулата од Кортина д’Ампецо во 2021 година и актуелната олимписка шампионка во спуст, Швајцарката Корин Зутер, успеа да го оправда статусот на фаворит за медал и на крајот со заостанување од 12 стотинки ја освои бронзата.

Италијанката Софија Гоџа, која важеше за една од најголемите фаворити, не ја заврши трката. Новата светска шампионка Јасмин Флури досега во кариерата немала победа во спуст.

ПретходноСтартува плеј-офот: Битола чека титула, сонува Пелистер да го симне Вардар од тронот!
СледноСе појави и четвртиот гигант за учество во Суперлигата!