Реал Мадрид, наводно, е заинтересиран да го ангажира тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп како наследник на Карло Анчелоти. Весникот „Ел Национал“ пишува дека германскиот стретег е на радарот на Реал, откако се појавија првите сомневања дека тој ќе си оди од „Енфилд“ по оваа многу фрустрирачка сезона со Ливерпул.
Весникот, исто така, сугерира дека ова може да заврши како голем удар за трансфер плановите на Ливерпул, бидејќи Џуд Белингем би можел да биде клучен дел од искушението на Клоп на „Бернабеу“.
Евидентно е дека Клоп се мачи да го врати Ливерпул на нивото од минатите сезони и доколку очајната серија продолжи, огромна е веројатноста тој да си замине и пред завршувањето на сезоната. Перез веќе разговарал со своите соработници околу можноста Германецот да го наследи Анчелоти, за кого се шпекулира дека по Реал (М) ќе ја заврши тренерската кариера.