И Прилеп тргна победнички, Радовиш немаше сили за изненадување!

109

Последниот меч од првото коло во плеј-аутот мина во знакот на домашниот тим. Прилеп ја оправда фаворитската улога против Радовиш на домашен терен славеше со 35-26  и дојде до важни бодови во битката за опстанок.

Гостите се држеа во првата половина, намалија на 9-8, по што Прилеп со серија од 6-1 поведе со 15-10, на одморот беше 18-12. Сликата не се промени ниту во второто полувреме, домашните ракометари не само што ја одржуваа позитивата, туку истата ја зголемија за мирен финиш. На крајот предноста беше и двоцифрена 35-25.

Шокоски и Гавашелишвил имаа по осум гола кај победникот, еден помалку запиша Гамзардија. Во редовите на Радовиш со шест гола најдобар беше Вјештица.

ПретходноПобеда се пофали со Стоименовски, ги донесе и Кудијан, Јованов, Трајкоски, Алиу, ангажираше и тројца странци!
СледноКалин го предаде финалето во Монастир