Фудбалерите на Наполи засилено чекорат кон скудетото, а нашиот Елиф Елмас покажува дека незаслужено не добива редовна шанса во првиот тим на Спалети. И денеска на дуелот со Кремонезе, Елиф влезе од клупата и веднаш покажа дека е во топ-форма постигнувајќи нов гол за лидерот на табелата.
Наполи славеше над Кремонезе со 3:0, а нашиот „дијамант“ го постигна третиот гол за домашните. Претходно Кваратскелија погоди за 1:0 во 22′, па Осимен во 65′ зголеми на 2:0.
Елмас со еден прецизен удар од косо во 79′ минута ја запечати победата на Наполи, само девет минути откако се најде на теренот како замена за Жиелински. Ова беше шести гол за Елмас оваа сезона во Серија А.
Standings provided by Sofascore