Супербол – 57: Филаделфија VS Канзас, најважниот ден во САД, 16 милијарди долари, спектакл…и Ријана!

226

Ноќеска во 00:30 часот во Глендејл (Аризона), ќе започне спектаклот наречен – Супербол чин-57. Денеска, 12 февруари е најважниот ден во година за САД. Кога се игра финалето во амерички фудбал се застанува во оваа земја, кога се игра Супербол ништо друго не е важно.

Во Суперболот ќе ги гледаме екипите на Филаделфија и Канзас, екипи кои беа најдобри во сезоната и кои ќе бијат епска битка за трофејот – Винс Ломбарди.

Image

Ова е Супербол број 57. Ова ќе биде спектакл од епски размери.

Бројките се тие, нема фаворити кога се однесува само за еден меч. Интересно е дека ова ќе биде и братски дуел на Џејсон и Тревис Келси, со оглед на тоа дека и двајцата играат во нападот нема да има директна битка, но пехарот и официјално ќе оди во семејството Келси, без оглед кој ќе победи.

Секако дека ова ќе биде спектакл, и тоа зачинет со мини – концертот на славната Ријана која на паузата од овој дуел ќе ги “загрее“ фановите на стадионот, но и сите кои што покрај ТВ екраните ќе сведочат за тоа кој е подобар, кој ќе се радува.

И сега ајде малку за доларите…

За пола минута реклама на ТВ ќе мора да се плати 7 милиони евра. Дури 16 милијарди долари околу 50 милиони луѓе ќе уплатат во обложувалниците. Невидени пари ќе се дадат за пиво, грицки, пилешко, хот-дог и останати сендвичи.

Ова е ден и за економијата во САД колку и тоа грубо да звучи, барем кога спортот е во прашање.

Американците живеат за овој ден, за Супербол, за овој спектакл, за ова што по малку ги “тресе“и останатите жители на оваа планета.

Image

Одамна билети за стадионот во Глендејл нема. А знаете ли дека за еден ВИП билет од 1 милион долари што можете или можевте да добиете?

Како прво патување од својот град со приватен авион до Аризона, се разбира ВИП ложа со сите погодности што ова место го носи. Потоа учество во сите можни забави пред мечот, се разбира и да бидеш во друштво на Шекил О`Нил и Роб Гронковски. Лично обезбедување, храна и пијалоци колку што сакаш, и тоа не само за тебе, туку и за твоите 11 пријатели кои можеш да ги повикаш со себе друштво да ти прават.

Е, па, народе…вечерва “нацртајте“ се покрај ТВ екраните околу 00:30 часот да го видите тоа чудо – Супербол бр.57.

ПретходноТрајчевска пред Белгија: Јас и моите соиграчи сме подготвени да изгинеме на теренот!
СледноАлкалоид гостин на Тиквеш во пресметката на сегашниот и поранешниот селектор!