Фудбалерите на Јувентус ја остварија и втората последователна победа во Серија А, откако по триумфот кај Салернитана, денеска ја совладаа и Фиорентина со 1:0. Мечот започна жестоко, со три жолти картони во првиот половина час. Поголемата желба и упорност на домашните им се исплатеше во 34. минута кога Ди Марија испрати центаршут, а Французинот Адриен Рабио со глава ја испрати топката зад гол-линијата, што го потврди и гол-технологијата, а Јувентус поведе.
Les debíamos el gol completo de #Rabiot.
Aquí está 😉#JuveFiorentina 1-0
— Bianconeri Zone Español (@BianconeriZonEs) February 12, 2023
Влаховиќ во 60. минута погоди и за 2:0, но ВАР технологијата покажа офсајд позиција и голот беше поништен. Слична ситуација видовме во самиот финиш на натпреварот, кога Кастровили ја затресе мрежата на Јувентус, но судијата Фабри покажа офсајд.
Со оваа победа Јувентус се искачи на деветтата позиција во Серија А со 29 бодови, додека Фиорентина е 14-та со пет бода помалку.