Во ПСЖ врие пред дуелот со Баерн: Маркињос и Нејмар ќе се степале по мечот со Монако?!

480

Новата година за ПСЖ е вистинска „ноќна мора“. Во првите месец и половина од 2023 година, францускиот првак веќе има акумулирано три порази и едно реми на седум првенствени натпревари, а покрај тоа е елиминиран и во осминафиналето од Купот на Франција. И сето тоа, пред дуелот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Последниот неуспех вчера во Монако, покажа дека тимот има големи проблеми и во соблекувалната. Тиражниот „Л’Екип“ пишува дека по вчерашниот дебакл во Монако имало жестока дискусија меѓу некои членови на тимот и директорот Луис Кампос, кој меѓу другото ги критикувал играчите за нивниот „недостиг на агресивност“. Ова не им се допаднало на сите, а особено не на бразилското дуо Маркињос-Нејмар, за кои проблемот на ПСЖ не бил тоа. Двајцата си размениле жестоки зборови на португалски и тоа ги изненадило сите, пред се поради интезитетот со кој викале во соблекувалната.

Нејмар претходно го напушти теренот со пцовки кој одредени соиграчи, а еден од најпогодените беше младиот француски напаѓач Хуго Екитике.

ПретходноСимиќ спаси пораз на Тиквеш од Алкалоид!
СледноПо двете неверојатни грешки на ВАР: Хауард Веб свикал итен состанок на судиите во Премиерлигата