Во супер борба на шампионите, Волкановски поразен од ѕверот Махачев (ВИДЕО)

7090

Двајцата се бореа за титулата шампион во лесна категорија на УФЦ 284. Волкановски според многумина беше голем аутсајдер, но се покажа дека истите грешат.

Македонецот пружи фантастична борба против Ислам Махачев. На крајот Дагестанецот победи со едногласна одлука на судиите, после пет фантаични рунди на настанот УФЦ 284 во Перт ја одбрани титулата (48-47, 48-47, 49-46).

“По овој пораз и овој тест јас сум подобар борец од претходно. Сега ќе се вратам на обврските во перолесна категорија, а потоа повторно ќе дојдам во лесна дивизија за уште еден предизвик“, рече Волкановски по мечот.

Многумина сметаат дека Волкановски е ограбен од страна на судиите.

ПретходноКога провоцираш домашни фанови: Навивач на Челзи доби невиден нокаут, не знаеше каде е! (ВИДЕО)
СледноЧудото Јокиќ испиша историја, Дончиќ и Ирвинг постигнаа 55 поени и загубија (ВИДЕО)