Заврши преодниот рок: Само Шкендија со Максимов направи класичен трансфер!

1993

Вчера во 24 часот и официјално заврши зимскиот преоден рок во мак – фудбалот (15.01.-11.02). Со оглед на тоа дека и дефинитивно е јасно дека нашите клубови во ПМФЛ имаат големи проблеми со парите, се повтори старата приказна. А таа е дека ретко или никако се прават класични трансфери- да платиш и да си купиш играч од друг клуб кој е под договор, а не да ангажираш само играчи со слободни документи.

Ако не се лажеме, оваа зима тоа го направи само Шкендија која го купи големиот талент и младински репрезентативец Методиј Максимов од Работнички.

За цената нена конкретни детали, но според шпекулациите таа изнесувала од 50.000 до 75.000 евра. Оваа сума сепак земете ја со резерва.

Шкендија се засили и со други играчи, го врати на позајмица и Енур Тотре, но хит беше Академија Пандев која верувале или не доведе цел еден нов тим, мислиме тука на бројот на новите играчи.

May be an image of 2 people and text

Струга ТЛ можеби ја имаше “бомбата“ со Марјан Радески, Шкупи беше во дефанзива а Работнички беше активен и тоа како. Покрај другите го врати Кире Маркоски, потоа нов договор со Арменд Алими како и ангажманот на екстра талентираниот Филип Тодороски.

Силекс го доведе покрај другите и Марко Ѓорѓиоски.

Во следните денови кога и ќе заврши и официјалниот рок, имено до вчера можеа да се пријавуваат нови имиња во надлежната комисија на ФФМ а допрва да се официјализираат трансферите, „Спортмедиа“ ќе направи детална ретроспектива на се она што беше интересно во зимскиот преоден рок.

Претходно“Лавовите“ го промовираа напаѓачот Јовковиќ! (ФОТО)
СледноУдинезе само до бод со Сасуоло, Нестор гледаше од клупата! (ВИДЕО)