Зарем е можно: Балканец на клупата на Бразил!?

630

Вахид Халилхоџиќ е сериозен кандидат да стане селектор на Бразил. Па, зарем е можно тренер од Балканот да биде селектор на “кариоките“ и тоа од БиХ.

Откако се изнаредија, во шпекулациите, сите познати тренери и тоа од Анчелоти до Енрике,како кандидати, сензационална вест доаѓа од Бразил. Тамошните медиуми известуваат дека се преговара со некогашниот селектор на Мароко кој беше избркан во пресрет на почетокот на СП во Катар.

Оваа вест ја потврди и самиот Ваха, инаку вистинска играчка и тренерска легенда од овие простори:

Да, точно е дека има контакти, ми се јавија луѓето и разговаравме. Ќе видиме како понатаму ќе се одвиваат работите“ изјави Халилхоџиќ за медиумите во БиХ.

ПретходноОфицијално: Газијантеп на Лука Станковски се повлече од турската Суперлига!
СледноУспешна генералка: Брегалница со убедлив триумф против Беласица!