Златан Ибрахимовиќ наскоро би требало да се врати на теренот, а навивачите беа воодушевени што 41-годишниот Швеѓанец беше на клупата на резервните играчи на натпреварот против Торино во Серија А.
Камерата го следеше секој негов потег и веќе е видливо што може Ибра да работи во иднина.
Тој се нервираше, делеше совети, правеше галама.. Ибрахимовиќ, кој едноставно не може без фудбал, ги помина сите ситуации на клупата на „росонерите“, а нема да биде изненадување ако по завршувањето на играњето се посвети на тренерската кариера.
Не е познато кога славниот шведски напаѓач би можел да се појави на теренот. Напорно тренира, подготвен е да одигра неколку минути, но во моментов дефинитивно не е во преден план за Пиоли.