Калин го предаде финалето во Монастир

465

Македонскиот тенисе Калин Ивановски не успеа да триумфира на ИТФ турнирот во Монастир, Тунис со парична награда од 15.000 долари. Денеска во финалето го предаде мечот против холандскиот тенисер Рајан Нијбер во вториот сет.

Првиот сет Нијбер го доби со 6:2, а во вториот холандскиот тенисер поведе со 3:0 по што македонскиот тенисер се повлече. Причината поради која Ивановски мораше да го заврши мечот предвреме е повреда на ногата.

ПретходноИ Прилеп тргна победнички, Радовиш немаше сили за изненадување!
СледноКаква чест: Аргентинците ќе го стават ликот на Лео Меси на новите банкноти!