КФСМ ве чекаме во сала: Слободен влез за дуелот меѓу Македонија и Белгија!

142

Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва, ќе го одигра својот последен натпревар од квалификациите за Евробаскетот кој во 2023 година ќе се игра во Израел и Словенија.

Во салата на СРЦ „Кале“ гостува една до најдобрите репрезентации на европскиот континент, Белгија.

„Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра женска репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен“, порачаа од КФСМ.

Во соработка со Sport Klub, обезбеден е и директен ТВ пренос од натпреварот кој стартува од 18.часот.

ПретходноАлкалоид гостин на Тиквеш во пресметката на сегашниот и поранешниот селектор!
СледноВолкановски: Мислам дека победив, ајде на реванш било кога и било каде!