Нова фудбалска трагедија: 25-годишен голман починал откако одбранил пенал!

1128

Уште една трагедија го потресе светот на фудбалот. Почина младиот голман на белгискиот нисколигаш Винкел Спорт Б, Арне Еспел (25), го одбранил пеналот, брзо станал, потоа само се урнал на теренот.

“Топката се уште беше во игра. Тој го одбрани пеналот, се обиде брзо да стане за да ја фати топката, но потоа само се струполи. Страшни сцени”, изјави помошник тренерот на белгискиот тим, Стефан Деверхин.

Брзата помош брзо реагирала, бил префрлен во болница, но за жал не преживеал и починал.

Натпреварот бил прекинат. Никој повеќе не се грижеше за фудбалот, а играчите на двата тима беа длабоко потресени од она што го видоа.

“Нашиот голман беше прекрасно момче. Секогаш знаеше да го подигне расположението на сите. Не ми се верува дека го нема”, додаде помошникот тренер на белгискиот клуб.

Во понеделник е закажана обдукцијата на починатиот голман, а потоа ќе биде објавена точната причина за неговата смрт.

Трагедиите во светот на фудбалот се многу чести. Многу фудбалери ги загубија животите на теренот во последните години, но за жал вакви трагедии не можат да се предвидат.

ПретходноСкандал во Премиер-лига: Судијата „заборави“ да ги нацрта линиите за офсајд и брутално го ограби Арсенал!
СледноЗлатан Ибрахимовиќ правеше спектакл на клупата (ВИДЕО)