Швајцарецот Марко Одермат просто ја разнесе конкуренцијата денеска на спуст патеката на СП во Куршевел. Одермат блескаше и без проблеми дојде до златниот медал со време 1:47.05 минути, што беше побрзо за 38 стотинки од својот голем ривал Александер Килде од Норвешка кој пак дојде до среброто.
Сепак и на оваа трка не можеше без изненадување. Третото место и бронзата ги освои Канаѓанецот, Камерон Александер.