Она што се најавуваше и се оствари. Раководството на Газијантеп, каде игра и нашиот Лука Станковски, и официјлно објави дека немаат намера да ја продолжат сезоната во турската Суперлига и дека ќе се повлечат, односно нема да ја одиграат сезоната и во Купот на Турција. Се разбира дека се знае зошто е тоа така, во Турција на никого не му е до фудбал по катастрофапниот земјотрес што се случи минатата недела кога во Турција и Сирија има преку 30.000 мртви.
Пред повлекувањето на Газијантеп, се повлекоа и Хатајспор и второлигашот Малатијаспор.
Сите овие три клуба доаѓаат од најтешко погодените подрачја од земјотресите во Турција.
Попладнево доаѓаат вести дека можно е уште некој клуб да се откаже, а можно е и целиот шампионат да биде прекинат.