Екипата на Академија Пандев одигра 1:1 со Детонит на последниот пријателски меч пред продолжениото на сезоната во фудбалот. Мечот се одигра во Струмица, а голот за „пандевци“ го постигна Ване Крстевски.
Ова е последната „контролка“ за тимот на Васоски пред почетокот на првенството.
А тимот на Победа во тест натпревар го совлада Борец со 2:1. Тој меч се одигра на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.