Вчера, во последниот ден од преодниот рок, Победа се засили со неколку нови имиња. Дали е ова нешто позитивно во тмурната зима под “Маркови Кули“? Е, тоа, ќе го видиме кога ќе стартува пролетниот дел во ПМФЛ следниот викенд.
Ново име е Оливер Стоименовски, досегашен член на Македонија ЃП. Дефанзивец кој порано ветуваше многу, но кариерата и дефинитивно му оди надолу. Тој во Победа дојде како слободен играч.
Покрај Стоименовски, прилепчани ги ангажираа и Андреј Кудијан (Кожув), Владимир Дујовски (Брегалница), Ване Јованов (Саса), Арменд Алиу (Гостивар), Лука Трајкоски (Борец), потоа странците Миодраг Петковиќ и Василије Делибашиќ (Србија) и Сален Фавахри (Израел).