По двете неверојатни грешки на ВАР: Хауард Веб свикал итен состанок на судиите во Премиерлигата

1280

Хауард Веб, кој е главен извршен директор на судиското тело во Премиерлигата, им се извини на Арсенал и Брајтон за големите грешки на ВАР судиите, па свикал итен кризен состанок на суфиското тело во Англија.

Веб ги повикал сите судии, линиски и ВАР судии на итен состанок во вторник. На истиот ќе се прегледуваат викенд снимките од неколку спорни моменти, особено очигледните грешки направени на два меча.

Прво, израмнувачкиот гол на Брентфорд против Арсенал кој требаше да биде поништен поради офсајд на Кристијан Норгард, но ВАР го призна голот бидејќи судискиот тим заборави да ги повлече линиите за време на проверката на ВАР.

На Брајтон, пак, му беше поништен гол по 32 минути од натпреварот против Кристал Палас, бидејќи неправилно беа исцртани линиите, а со тоа беше досуден офсајд, иако го немаше.

Судиското тело во англискиот фудбал ги призна грешките кои се, како то изјавија, човечка грешка.

ПретходноВо ПСЖ врие пред дуелот со Баерн: Маркињос и Нејмар ќе се степале по мечот со Монако?!
СледноАшаданов: Бевме исцрпени, Белгија е во топ-3 селекции