Трајчевска пред Белгија: Јас и моите соиграчи сме подготвени да изгинеме на теренот!

171

Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска (18 часот) во СРЦ „Кале“ го игра последниот квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2023 година. За противник „црвено-жолтите“ го имаат лидерот во нашата група А селекцијата на Белгија.

Иако пред себе го имаат огромниот фаворит, сепак кошаркарките не се откажуваат пред време, немаат намера да го подигнат белото знаме, особено по триумфот против Босна на гостински терен.

„Исклучително сум задоволна од победата против БиХ, пред се затоа што дадовме се од себе и покрај сите проблеми со кои се соочивме за време на подготовките. Покажавме како треба да се бориме и би сакале истата слика да ја повториме и против Белгија иако сите добро знаеме за каков ривал се работи и каде се играат кошаркарките на оваа репрезентација.

Резултатот можеби не е во прв план, но јас и моите соиграчи сме подготвени да изгинеме на теренот. Победата против БиХ ја гледам како почеток на она што следува од македонската репрезентација. Голем чекор е и треба само да потврдиме дека вредиме како екипа“, изјави пред мечот Ненад Трајчевски една од најдобрите кошаркарки во нашиот национален тим.

ПретходноКалин Ивановски без мака до финале во Монастир!
СледноСупербол – 57: Филаделфија VS Канзас, најважниот ден во САД, 16 милијарди долари, спектакл…и Ријана!