Во меч од 22.коло во Серија А, Удинезе на “Дачија Арената“ во Удине, одигра само 2:2 против Сасуоло и дефинитицвно потврди дека е далеку од формата која го красеше во првата фаза од сезоната.
Интересен и квалитетен меч одиграа овие две екипи, а Удинезе поведе со гол во 26.секунда и тоа преку Удоги. Само шест минути подоцна гостите израмнија преку Матеус Енрике. Удинезе повторно дојде во водство со голот на Бијол во 28.минута, но затоа во 45+1.минута домашните си постигнаа автогол преку Перез за 2:2.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски целиот меч го преседе на клупата и не доби шанса да ги искаже своите квалитети.