Алкалоид гостин на Тиквеш во пресметката на сегашниот и поранешниот селектор!

549

Денеска ќе се одиграат два ракометни меча во домашниот шампионат, еден во плеј-офот и еден од плеј-аут.

Дербито на отварањето на вториот дел од сезоната е во Кавадарци, туку Тиквеш е домаќин на Алкалоид, мечот е закажан во 19 часот. Дебитантот во плеј-офот пренесе два бода, како второпласиран тим, додека пак на другата страна кавадарчани стартуваат со нула бодови.

Оваа средба воедно ќе биде пресметката на двајца македонски селектори. Кирил Лазаров на едната страна, кој е сегашен предводник на македонската репрезентација и Данило Брестовац на другата страна, кој беше претпоследен предводник на „црвено-жолтите“, последната авантура ја имаше на СП 2021 година во Египет.

Во Прилеп пак истоимениот тим го пречекува Радовиш во 15 часот во рамките на последниот меч од првото коло во плеј-офот.

ПретходноСупербол – 57: Филаделфија VS Канзас, најважниот ден во САД, 16 милијарди долари, спектакл…и Ријана!
СледноКФСМ ве чекаме во сала: Слободен влез за дуелот меѓу Македонија и Белгија!