Ашаданов: Бевме исцрпени, Белгија е во топ-3 селекции

144

И покрај убедливиот пораз од Белгија за крај на квалификациите, селекторот на нашите кошаркарки Александар Ашаданов вели дека загубија од една од трите најдобри селекции во Европа.

„Најпрво, сакам да ѝ посакам на Белгија среќа на ЕП, според мене, тие се една од топ-3 екипите фаворити кои можат да го освојат шампионатот. Девојките го дадоа максимумот, се вложија колку што можат по она исцрпување во БиХ да се дојде до таа посакувана победа, а потоа целиот тој пат со автобус. На тој дуел, пет играчи играа 39 минути. Исто така, тука в Скопје беше и квалитетот на противникот. Можеби резултатот е голем, но девојките не се откажаа и дадоа отпор колку што беше во нивна моќ. Дури и да бевме во комплетен состав, Белгија ќе беше пресилен противник за нас. Се надевам дека победата во овие квалификации и целиот циклус ќе бидат мотив за сите понатаму и за помладите кои треба допрва да ни се вклучат во процесот на надградба на сениорската репрезентација“ – потенцира Ашаданов по завршувањето на овој квалификациски циклус за Евробаскетот во 2023 година.

ПретходноПо двете неверојатни грешки на ВАР: Хауард Веб свикал итен состанок на судиите во Премиерлигата
Следно„Ел Национал“: Клоп ќе биде наследникот на Анчелоти во Реал (М)