Барселона со еден гол за победа и +11 пред Реал (М) (ВИДЕО)

144

Барселона со уште една минимална победа од 1:0 се оддалечи на +11 пред Реал (М) на врвот во Ла Лига. Денеска во меч од 21. Коло, Барса се враќа со минимална победа од гостувањето кај Виљареал.

Барселона беше фаворит на овој меч, но победата дојде многу потешко од очекуваното. Се што беше интересно, барем што се однесува до навивачите на Барселона, се случи во првото полувреме, а единствениот гол беше постигнат во 18. минута од натпреварот.

Левандовски забележа асистенција, а Педри го постигна победничкиот гол за Каталонците и со тоа им донесе радост на своите навивачи.

По оваа победа Барселона остана на првото место, а сега има предност од 11 бода пред Реал Мадрид, но и еден натпревар повеќе.


Standings provided by Sofascore

 

ПретходноНов гол на Елмас, нова победа за Наполи (ВИДЕО)
СледноСе сеќавате на Вилфред Бони? Екс-напаѓачот на Сити ќе игра во Боливија