Одбојкарите на Струмица Никоб и Шкендија утре ќе го одиграат големото дерби од плеј-оф делот во домашниот одбојкарски шампионат. Дуелот кој одлучува за врвот на табелата е на програмата в понеделник од 18 часот, а како предигра на овој дуел, викендов се одиграа преостанатите дуели од втората фаза на натпреварувањето во плеј-офот и плеј-аутот.
Младите одбојкари на Работнички 71&22 успеаја да ја прослават седмата сезонска победа, откако ја совладаа Лирија со 3:1, додека Борец останува во друштво на најдобрите на табелата, откако лесно и убедливо слевеше во Пробиштип.
Во плеј-аут делот, за одбележување е првата победа на младиот состав на струмичка Македонија Џио. Конечно, по 12 одиграни меча во елитата, Џио успеа да ја прокнижи првата победа и тоа во дуелот со екипата на Петровец.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (2.коло)
Работнички 71&22 – Лирија 3:1 (25:16, 21:25, 25:17, 25:13)
Весна Пробиштип – ГОК Борец 0:3 (17:25, 13:25, 9:25)
Струмица Никоб – Шкендија (понеделник, 17.55, МРТ-3)
Табела: Струмица Никоб 11-0, Шкендија 10-1, ГОК Борец 10-2, Работнички 71&22 7-5, Лирија 6-6, Весна Пробиштип 6-6.
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (2.коло)
Македонија Џио – Петровец 3:1 (20:25, 25:14, 25:21, 25:19)
Штип УГД – Универзитет во Тетово 1:3 (25:20, 23:25, 19:25, 23:25)
***Слободна е екипата на Сушево
Табела: Универзитет во Тетово 5-7, Штип УГД 4-7, Сушево 2-9, Петровец 2-10, Македонија Џио 1-11.