Депај со деби гол за победа на Атлетико, Савиќ со трето исклучување на последните пет меча

120

Во шпанската Ла Лига, Атлетико Мадрид ги освои трите бода на гостувањето кај Селта благодарение на победата од 1:0. Погодокот за победа го постигна Мемфис Депај во 89 минута што е негов деби гол во дресот на „јорганџиите“. Во тие моменти неговиот тим беше со 10 фудбалери во поле поради исклучвуањето на дефанзивецот Стефан Савиќ.

Савиќ сезонава е вистински „месар“ на терените, а тоа е трет негов црвен картон сезонава. Подетално тоа е третиот црвен картон на последните пет натпревари. Црногорскиот дефанзивец доби директен црвен картон против Барселона во Ла Лига и паузираше два меча, заигра на мечот со Реал Мадрид во Копа дел Реј каде доби два жолти картони и беше исклучен.

Го прескокна мечот со Хетафе поради повреда, го одигра целиот меч со Хетафе, а сега доби директен црвен картон против Селта. Негова лоша сезона.

ПретходноШест гола на Ристовска во победата на ЦСКА
СледноСаутемптон го отпушти Џонс, размислува да го донесе Џеси Марш