Калин Ивановски без мака до финале во Монастир!

188

Нашиот најдобар тренисер, Калин Ивановски оствари уште еден голем резултати, тој се пласираше во финалето на ИТФ фјучерсот во Монастир (Тунис).

По вчерашниот исцрпувачки ден, овој пат тоа го стори без мака, бидејќи противникот Фбарицио Андалоро го предаде мечот.

Ивановски беше доминантен во оваа пресметка, уште во првиот сет најави дека е голем фаворит, истиот го доби со 6-1, додека во вториот откако освои два гема (0-2), италијанскиот тенисер го предаде мечот.

Во финалето македонскиот тенисер ќе игра против подобриот од Рајан Нијбер од Холандија и Олаф Пјечковски од Полска.

ПретходноЗлатан Ибрахимовиќ правеше спектакл на клупата (ВИДЕО)
СледноТрајчевска пред Белгија: Јас и моите соиграчи сме подготвени да изгинеме на теренот!